Interests
|
Бранко Црвенковски Претседател на СДСМ ОД 1991 - ДО 2004 и од 2009 - до .... година
Роден на 12.10.1962 година во Сараево Оженет e со Јасмина Црвенковска и e татко на две деца: Љупчо и Марија
Образование: 1980 - 1985 Електротехнички факултет Скопје - Информатичка технологија и автоматика
Политичка кариера 1990 – 1992 Пратеник во Собранието на Република Македонија избран на првите повеќепартиски избори
Како прaтeник во првиот состав на Собранието на Република Македонија беше потписник на иницијативата за распишување на референдум за независна Македонија
Бранко Црвенковски е првиот претседател на собраниската комисија за надворешна политика
1991 Избран е за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во април 1991 година на Првиот конгрес на партијата
1992 – 1994 Претседател на Владата на Република Македонија
Својот прв мандат како претседател на Владата на Република Македонија го започна во 1992 година. Со само 29 години тој беше најмладиот шеф на влада во Европа. Како премиер и политичар, Бранко Црвенковски прв ја промовираше идејата за учество на партиите на Албанците во Владата на Република Македонија. Бранко Црвенковски успеа да формира широка коалиција со Либералната партија, Социјалистичката партија и Партијата за демократски просперитет.
По прогласувањето на независноста, Република Македонија се најде во тешка економска и политичка ситуација, со висока стапка на инфлација, значителен социјален притисок и недоволна меѓународна поддршка. Владината коалиција успеа да ја стабилизира економијата и да го отпочне процесот на приватизација.
1994 – 1998 Претседател на Владата на Република Македонија
Во 1994 година Бранко Црвенковски беше повторно избран за претседател на Владата на Република Македонија откако на парламентарните избори СДСМ оствари победа со освојување на 59 од 120 мандата. Тоа беше втор мандат за СДСМ во коалиција со ЛП, ПДП и СП.
Во овој период Македонија успеа да стане член на повеќе меѓународни организации, како: ООН, ОБСЕ и Советот на Европа, потпиша договори со ММФ и Светската банка, промовираше демократија, имплементираше значајни економски реформи и привлече странски инвестиции. Првите чекори во евроатлантското интегрирање на Македонија беа направени во овој период: Македонија стана членка на Партнерството за мир, а беа потпишани и СОФА договорот и Договорот за економска и трговска соработка со Европската унија.
1998 – 2002 Пратеник во Собранието на Република Македонија (носител на пропорционалната листа на СДСМ)
Опозиционен лидер во Собранието на Република Македонија како претседател на најголемата опозициона парламентарна група
мај 2001 СДСМ се преклучи во „Владата на политичко единство“, со цел да се запре кризата во земјата
Бранко Црвенковски беше еден од потписниците на Рамковниот договор
2002 – 2004 Претседател на Владата на Република Македонија
На парламентарните избори, одржани на 15 септември 2002 година, коалицијата „За Македонија-заедно“ оствари убедлива победа со освојување на 60 пратенички места во Собранието на Република Македонија
22 март 2004 Како претседател на Владата ја поднесе Апликацијата за членство на Република Македонија во Европската унија
мај 2004 Претседател на Република Македонија
Партиски Активности 1990 - 1991 Член на Претседателството на Социјал демократскиот сојуз на Македонија
Шеф на Изборниот штаб на Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија за време на парламентарните избори во 1990 година
1991 - 2004 Претседател на Социјал демократскиот сојуз на Македонија избран на партискиот Конгрес во 1991 година и реизбран во 1995, 1999 и 2003 година
Во согласност со Уставот при неговиот избор за Претседател на Република Македонија Бранко Црвенковски поднесе оставка на лидерската позицијата во Социјал демократскиот сојуз на Македонија.
НАЈВАЖНО ОД СЕ Е ДЕКА ВО ПЕРИОДОТ ОД КРАЈОТ НА 2008 - ПОЧЕТОКОТ НА 2009 ГОДИНА СЕ ВРАЌА КАКО ЛИДЕС НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА
|
hi5 Games
SDSM hasn't played any games recently.
Journal
„Стануваме држава на преседани зашто сме единствената држава во која по две одлуки на истражниот судија да нема притвор, кривичниот совет ја менува таквата одлука. Дополнителен преседан е што обвинителот, кој неколку пати ја бараше мерката притвор и ја обжали, под неразјаснети и сомнителни околности е сменет“. „Заев е уапсен како политичка жртва за да се нахрани јавноста со нови скандали со цел да се покријат седниците на Собранието, новата коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и новиот Закон за употреба на јазиците“. „За судските притисоци веќе никој не шпекулира. Телефонските јавувања од министерот за правда, од полициски структури и од Судскиот совет се редовна практика, мерката притвор стана казна, а судот е под влијание на личните желби на неколку моќници“. „Собрани да испратиме заедничка порака до Груевски: може секојдневно да не апси еден по еден, да не шиканира, да ни се заканува и да тврди дека ќе се најдеме зад решетките. Но ние не се откажуваме од одбрана на она што остана од македонската демократија и ќе се бориме против теророт Не барам на ниту еден член на СДСМ да му се прогледа низ прсти, туку бараме да бидеме еднакви пред законите со сите граѓани“.
|
|
|
hi5 Gifts
SDSM has no unwrapped gifts.
|
|